понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тренерот на Јувентус се огласи по доаѓањето на Роналдо во клубот

Тренерот на Јувентус се огласи по доаѓањето на Роналдо во клубот

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, трансферот на Роналдо го оцени како многу значаен настан и за клубот и за фудбалот во Италија.

– Неговото доаѓање е многу важно и е чекор напред за целиот клуб. Тој е многу значаен за нас, исто како и сите други играчи, бидејќи ние имаме одредени цели кои сакаме да ги постигнеме.  Знам дека Роналдо е многу среќен, тој е одличен професионалец. Неговиот престој во Јувентус значи многу и за италијанскиот фудбал, изјави Алегри.

33-годишниот Португалец вчера потпиша четиригодишен договор со клубот од Торино.

Роналдо прејде во Јувентус од Реал Мадрид за кого играше од 2009 година.