сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо со нов рекорд на Инстаграм

Роналдо со нов рекорд на Инстаграм

Во своето неодамнешно интервју за Пирс Морган, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека тој не брка рекорди, тие го бркаат него. Неговото тврдење беше постојано потврдено низ годините, при што тоа се случи уште еднаш, но надвор од теренот.

Португалецот е првиот човек кој достигна 500 милиони следбеници на Инстаграм. Втор на листата е Лионел Меси кој има 375 мил.

Минатата година, Кристијано Роналдо стана првиот човек со 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, собирајќи ги од Фејсбук, Твитер и Инстаграм.