сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сане е повреден, ќе го пропушти натпреварот со Јапонија

Сане е повреден, ќе го пропушти натпреварот со Јапонија

Напаѓачот на германската репрезентација и Баерн Минхен, Лерој Сане ќе го пропушти првиот натпревар на „панцирите“ Светското првенство во 2022 година.

Германците ќе играат против Јапонија утре на 23 ноември во Доха.

Крилниот напаѓач нема да може да игра поради повреда на коленото.

Во средината на октомври, на 26-годишен Германец му била дијагностицирана повреда на тетивата, по која Сане пропушти околу 3 недели.

Не е познато колку ќе трае целосното закрепнување од сегашната повреда. (МИА)