петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Селекторот на Гана: Пеналот беше специјален подарок од судијата за Роналдо

Селекторот на Гана: Пеналот беше специјален подарок од судијата за Роналдо

Синоќа Португалија ја победи Гана со 3-2, а натпреварот беше отворен со мек пенал кој беше досуден врз Кристијано Роналдо.

Селекторот на Гана, Ото Адо верува дека судиите немало да досудат пенал доколку стартот бил врз друг фудбалер, тој смета дека немало фаул.

„Судијата свирна пенал кој не беше пенал. Сите го видоа тоа. Зошто? Бидејќи е Роналдо. Доколку некој постигне гол, честитки. Но ова беше вистински подарок. Специјален подарок од судијата“, вели Ото Адо.