Холандија не блеска на Светското првенство во Катар, ама е на добар пат да обезбеди место меѓу 16 најдобри на овој собир.
„Лалињата“ се соочуваат со домаќинот и со победа многу веројатно ќе завршат и на првото место на табелата. Селекторот Луи Ван Гал се согласува дека играта може и мора да биде подобра, ама во исто време бара поголема почит за националниот тим кој 17 мечеви не знае за пораз.
-Се согласувам со критиките, но ние сме без пораз веќе 17 натпревари и мислам дека ако ја погледнете и гол-разликата заслужуваме почит. Се надевам дека ова не е никаков притисок затоа што секогаш треба да ја идентификувате целта и ако не ги идентификувате целите и не кажете дека четвртфиналето е доволно, нема да станете светски шампиони.
-Никогаш не кажавме дека ќе станеме светски шампиони, реков дека имаме шанса да станеме светски шампиони и играчите се убедени во тоа. Ако сакате да станете светски шампион, ќе мора да бидете способни да ги победите сите, порача Ван Гал.