сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо вмешан во оставките на управата на Јувентус

Роналдо вмешан во оставките на управата на Јувентус

Веста дека комплетната управа на Јувентус поднела оставки одекна како гром од ведро него. Оставка поднесе и претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели, а италијанските медиуми откриваат и што се крие зад овој настан.

Раководството во последните неколку денови било во тешка ситуација бидејќи клубот морал да ги одобри нивните биланси. Се би било лесно доколку јавното обивнителство не ги следи будно случувањата во клубот.

„Старата дама“  е обвинета дека во 2018, 2019 и 2020 година на сомнителен начин дошла до приход.

Зад сето ова стојат и тајни документи кои торинскиот клуб ги потпишал со Кристијано Роналдо во време на корона пандемијата. Според документите, на Поругалецот му била ветена исплата од близу 200 милиони евра. Обвинителството смета дека тоа не е наведено во финансиските извештаи на клубот.

Јувентус наводно му ветил на Роналдо дека ќе му го исплати тој износ ако го напушти клубот, што и се случи кога се врати во Манчестер Јунајтед.