сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо тврди дека не го навредил селекторот: Реакцијата беше за играч на Јужна Кореја (ВИДЕО)

Роналдо тврди дека не го навредил селекторот: Реакцијата беше за играч на Јужна Кореја (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо нервозно го напушти воторот полувреме во 65. минута кога беше заменет од селекторот Фернандо Сантош.

Можеше да се забележи дека Роналдо не е задоволен што го завршува натпреварот, а португалските медиуми пишуваа дека испратил пцовка до селекторот.

„Очигледно многу ти се брза да излезам, да те е*ам“, наводно изговорил Португалецот.

На прес-конференцијата по натпреварот Роналдо објасни дека нервозната реакција била поради провокација од страна на еден фудбалер на Јужна Кореја.

„Пред да ја напуштам играта, фудбалер на Јужна Кореја луто ми рече да излезам порано. Му одговорив да замолчи. Тој нема никаков авторитет и моќ да ми кажува било какво мислење“, објасни Роналдо.