среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Роналдо бунтовно го напушти теренот, додека соиграчите се радуваа со фановите

ВИДЕО: Роналдо бунтовно го напушти теренот, додека соиграчите се радуваа со фановите

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, беше забележан како го напушта теренот по мечот со Швајцарија, додека неговите соиграчи ја славеа победата и пласманот во четвртфиналето со своите навивачи.

Искусниот офанзивец одново е мета на критика. Ова однесување се базира на неговото изоставување од стартниот состав на овој натпревар.

37-годишникот се соочува со големи проблеми во изминатиот период. Слични гестови правеше во Манчестер Јунајтед, клуб со кој се раздели, а сега покажува незадоволство и на Светското првенство во репрезентативниот дрес.

Пласман за Португалија во следната рунда на Мундијалот обезбедија головите на Гонсало Рамос, Пепе, Рафаел Гереиро и Рафаел Леао.