вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најава за нова бура: Роналдо одбил да тренира со резервистите на Португалија!

Најава за нова бура: Роналдо одбил да тренира со резервистите на Португалија!

Наместо синоќешната победа над Швајцарија со 6-1 да биде причина за подобрување на атмосферата во таборот на Португалија, случувањата од утринава најавуваат нова бура во чиј центар е Кристијано Роналдо.

Ветеранот не беше стартер во осминафиналниот дуел на Мундијалот во Катар, туку ги одигра само последните дваесетина минути откако мечот одамна беше решен, поради што порано го напушти теренот додека неговите соиграчи славеа со навивачите, а неговата сопруга Георгина на Инстаграм жестоко го нападна селекторот Сантош. Како капак на ова доаѓа информацијата дека Кристијано одбил директна наредба од предводникот од клупата поврзано со тоа кој каде ќе тренира.

Традиционално, фудбалерите што беа стартери синоќа утринава тренираа во теретана, додека резервистите на терен. Роналдо требаше да биде дел од втората група бидејќи почна од клупата, но самоволно решил да им се придружи на првотимците и тренингот го одработил со нив. Засега нема реакција од селекторот Сантош, но се очекува наскоро да биде познато дали капитенот ќе се соочи со некаква казна поради ваквото непочитување и самоволие.