сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо испрати порака кон „надворешните сили“ кои се против Португалија

Роналдо испрати порака кон „надворешните сили“ кои се против Португалија

Медиумите пишуваа дека Кристијано Роналдо наводно се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата, доколку продолжи да го добива истиот третман од селекторот Фернандо Сантош.

На тоа, капитенот на Португалија одговори преку социјалните мрежи, каде испрати порака до сите фанови.

„Групата е премногу обединета за да биде скршена од надворешни сили. Ние сме нација премногу храбра за да биде заплашена од противник. Тимот е тим во секоја смисла на зборот и ќе се бори до крај за сонот! Верувајте во нас!“, порача Роналдо.

Португалците за пласман во полуфиналната фаза ќе се сретнат со едно од изненадувањата на Мундијалот, репрезентацијата на Мароко.