петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Тепачка во НБА на мечот Минесота – Орландо, исклучени дури пет кошаркари

ВИДЕО: Тепачка во НБА на мечот Минесота – Орландо, исклучени дури пет кошаркари

Немили сцени беа забележани во текот на ноќта на НБА натпреварот помеѓу Минесота и Орландо (120:127), кога петмина кошаркари беа исклучени поради тепачка што се случи на крајот на третата четвртина.

Тепачката ја започнаа Остин Риверс од Минесота и Мо Бамба од Орландо, и тоа пред пред клупата на „магичните“, а по тупаниците меѓу нив двајца се вклучија и останатите нивни соиграчи.

На крајот Риверс заедно со соиграчите Џејден МекДениелс и Торин Принс мораа да го напуштат теренот, а од друга страна беа исклучени споменатите Бамба и Џејлен Сагс.

– Ова не е убав момент за мене, се чувствувам непријатно. Јас сум најстар во тимот, се сметам себеси за еден од лидерите на тимот – изјави Риверс по мечот.

А главната причина за тепачката и ваквата реакција на Риверс се тешките зборови кои паднаа откако асот на Минесота промаши шут за три поени од тој агол.