четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ембид под знак прашалник за „Ол-стар“ викендот

Ембид под знак прашалник за „Ол-стар“ викендот

Кошаркарот на Филаделфија 76, Џоел Ембид, најави дека можеби нема да учествува на овогодинешниот ол-стар викенд кој е закажан од петок до недела во Јута. Камерунецот истакна дека има одредени проблеми со повредата, поради што не е сигурен дека ќе биде дел од егзибицискиот меч.

„Не сум здрав. Последниве три месеци не сум целосно здрав. Се обидов да стигнам до паузата за „Ол-стар“ викендот без да пропуштам натпревари. Сепак, мислам дека дојде моментот кога треба да ги слушам лекарите. Ми рекоа дека ми треба двонеделна пауза, па во следните два дена ќе донесам конечна одлука“, изјави Ембид.

Асот на Филаделфија има уште една одлична сезона, но тоа не беше доволно да биде прогласен за центар број 1 на Истокот. По бројот на гласови пред него беше Јанис Адетокумбо.