понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусни, но забранети комбинации: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно

Вкусни, но забранети комбинации: Овие намирници никогаш не треба да ги јадете заедно

Ако генерално се грижите за исхраната, за храната што ја јадете, за начинот на кој ја подготвувате храната и за нутритивното богатство, понекогаш можете да си дозволите нешто помалку здраво, како парче пица или плескавица, без никакви последици.

Сепак, некои намирници кои сами по себе се здрави не одат добро во комбинација со други намирници кои се исто така хранливо богати и корисни.

1. Сланина и јајца

Повеќето луѓе сакаат да јадат сланина и јајца за појадок, но не се целосно свесни дека оваа комбинација не е особено добра. Бидејќи и јајцата и сланината се богати со протеини, како независни суплементи се добри за луѓето, но во комбинација можат да предизвикаат разни дигестивни проблеми.

Кога јадете 2 намирници со висока содржина на протеини одеднаш, на телото ќе му треба повеќе време да ја свари храната, бидејќи протеините најтешко се разградуваат. Покрај тоа, и јајцата и сланината се богати со заситени масти.

Место сланина, некои зеленчуци, како домати или авокадо, се многу поздрави и подобри избори.

2. Јогурт и овошје

Овошјето е најздраво кога се јаде самостојно. Кога се меша со друга храна како јогурт, може да предизвика чувство на тежина во стомакот, па затоа овошниот јогурт не е најдоброто решение за појадок.

Наместо овошје, во јогуртот можете да додадете малку цимет, кој има многу придобивки за вашето срце.

3. Вода и храна

Многумина имаат навика да пијат чаша вода со оброк, но тоа не е особено препорачливо. Прво, може да ја намали количината на плунка што ја произведуваат жлездите, што е многу важно кога станува збор за дигестивниот процес.

Покрај тоа, оваа комбинација може да го зголеми и нивото на инсулин во вашето тело.

4. Плескавица со помфрит

И двете од овие намирници се прилично нездрави, но доколку не претерате, нема да има некои поголеми проблеми. Сепак, оваа вообичаена, омилена комбинација за многу луѓе е многу лоша.

Нутриционистите дури велат дека е многу поздраво да нарачате 2 колачиња наместо помфрит.