сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Едно слободно место за олимписките претквалификации во кошарка

Едно слободно место за олимписките претквалификации во кошарка

Необезбедениот пласман на ФИБА Светскиот Куп во 2023 година не ги уништи надежите на многу играчи, и на национални тимови кои сè уште сонуваат да се натпреваруваат на Олимпијадата во 2024 година во Франција.

Патот до Париз е сè уште отворен за четириесет национални селекции од целиот свет благодарение на олимписките претквалификациски турнири на ФИБА кои се воведени оваа година.

Олимписките ФИБА претквалификациски турнири ќе бидат формирани од 28 репрезентации кои учествуваа во второто коло од квалификациите за Светското првенство.

Останатите дванаесет земји кои ќе влезат во претквалификациите за ФИБА Олимписки турнири, ќе бидат меѓу највисоко рангираните репрезентации кои не се квалификуваа во второто коло од квалификациите за Светското првенство вo 2023 година.

Националниот тим на Велика Британија не се пријави за настанот. Тие се заменети со Хрватска, најдоброрангираната европска репрезентација која не учествуваше во второто коло од квалификациите за Светскиот Куп.

Првите единаесет селекции се Мали (Африка); Чиле, Куба и Девствени Острови за Америка; Кинески Тајоеј Индонезија, Кореја и Сирија за Азија; Македонија Полска и Португалија за Европа како победници во секоја од нивните соодветни групи на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 година.

Дванаесетта и последна репрезентација ќе биде најдобро рангираната европска селекција која не се квалификувала за Светското првенство. Тоа е репрезентацијата на Русија која според одлуката на Централниот одбор во декември 2022 година ја следи Бугарија, следната најдобропласирана европска репрезентација.

Конечната одлука ќе биде донесена на Централниот одбор, кој ќе се одржи на 28 април.

Петте олимписки ФИБА претквалификациски турнири ќе се одржат од 12 до 20 август 2023 година, а петте победници ќе заработат места на Олимписките ФИБА квалификациски турнири што ќе се одржат во 2024 година.