Поранешниот англиски шампион Лестер Сити го пронајде наследникот на Брендан Роџерс со кого се раздели пред некое време поради лошите резултати на екипата.
Неколку имиња се споменуваат во јавноста како на пример Џеси Марч, Рафаел Бенитез, но на крајот „лисиците“ се реши за домашен, англиски стратег и тоа во името на Дин Смит.
Смит е поранешен тренер на Норич, Астон Вила и Брентфорд, тренер кој ќе има задача да го спаси Лестер од испаѓање од Премиер лигата. Договорот е со важност до крајот на сезоната, а негов помошник ќе му биде легендарниот Џон Тери со кого претходно соработуваше во Астон Вила. Во стручниот штаб ќе бидат уште Адам Садлер и Мајк Стоуел.