вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Џоел Ембид е МВП на сезоната

НБА: Џоел Ембид е МВП на сезоната

Титулата за најкорисен играч во НБА лигата оваа година оди во рацете на Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија конечно успеа да дојде до овој примат откако во претходните две сезони заврши на второто место, а наградата ја доби Никола Јокиќ.

На овој начин Србинот ја пропушти можноста да се израмни со трите легенди на најдобрата лига во светот, Бил Расел (1961-1963), Вилт Чембрлен (1966-1968) и Лери Бирд (1984-1986), кои беа единствените во историјата на лигата, кои трипати последователно го освојуваа МВП-признанието на натпреварувањето.

Ембид оваа сезона имаше просек од 33,1 поени, 10,2 скока и 4,2 асистенции по натпревар. Неговиот шут од поле изнесуваше 63%.