среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пинк: Мајката и сестрата на Коста Кецмановиќ фатени на граница со Македонија

Пинк: Мајката и сестрата на Коста Кецмановиќ фатени на граница со Македонија

Српската телевизија „Пинк“ објави дека мајката и сестрата на убиецот Коста Кецмановиќ кој изврши масакар во училиштето „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат државата.

Запрени се на граничниот премин „Прохор Пчински“, кон Македонија, пренесува „Пинк“.

Порталот „Макфакс“ ја проверува информацијата со домашните органи, за тоа, дали семејството Кецмановиќ се запрени на српска или македонска страна. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Дека постои можност семејството Кецмановиќ да ја напушти Србија, алармираа српски безеднсносни експерти. Тие посочуваа и дека нивните животи се загрозени. Таткото на Коста е во затвор, додека детето убиец и натаму е на психијатрија.