Кошаркарот на Минесота и француската кошаркарска репрезентација Руди Гобер потврди дека ќе игра за својата репрезентација на Светското првенство 2023 во кошарка.
Веста ја потврди самиот кошаркар на својата страница на социјалната мрежа. Французинот лани со „триколорите“ стигна до финалето на Европското првенство.
Претходно, првиот пик на годинешниот драфт во НБА, Виктор Вембањама потврди дека нема да учествува на Светското првенство во 2023 година, затоа што сакал да се фокусира на подготовките за своето деби во НБА Лигата.