среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Испробајте го овој чизкејк со лимон! Ова освежително задоволство се прави лесно и брзо

Испробајте го овој чизкејк со лимон! Ова освежително задоволство се прави лесно и брзо

Верзијата на чизкејк со лимон е исклучително вкусна и освежителна.

За овој десерт со лимон не ви се потребни многу намирници.

Состојки:

200 гр бисквити со путер (на пр. петит бисквити, може и плазма)

2 лажици путер

1 лажица шеќер

2 лажици екстракт од ванила

350 гр маскарпоне сирење

кора од еден лимон

сок од три лимони

Подготовка:

Бисквитите смелете ги во блендер, додадете ги стопениот путер и шеќерот.

Распределете ја масата во калап и ставете ја во фрижидер.

Измешајте ги сирењето, ванилиниот шеќер, кората и сокот од лимон во сад.

Овој фил додајте го над кората и оставете во фрижидер малку за целосно да се излади.