сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Таткото на монструмот Коста останува во притвор, еве каква одлука донесе судот во Србија

Таткото на монструмот Коста останува во притвор, еве каква одлука донесе судот во Србија

За уште нови три месеци е продолжен притворот на Владимир Кецмановиќ. Тој е таткото на Коста Кецмановиќ, монструмот кој изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“.

На обвинетиот му е продолжен притворот од законски причини пропишани со одредбите од Законот за кривичната постапка, односно поради постоење посебни околности што укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен на слобода ќе го повтори кривичното дело, како и со оглед дека за обвинетиот има основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста.

Пријавениот се товари за Тешко кривично дело против општата сигурност.