недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Му се заканувале дека ќе му ги убијат децата: Серхио Рамос откри низ каков пекол минувал по финалето на ЛШ

Му се заканувале дека ќе му ги убијат децата: Серхио Рамос откри низ каков пекол минувал по финалето на ЛШ

Репрезентацијата на Шпанија играше на Вембли против Англија во првото коло од Лигата на нации, а во центарот на вниманието беше капитенот на гостинскиот тим, Серхио Рамос.

Навивачите на Ливерпул не му ја простија грешката од финалето на Лигата на шампионите, кога поради неговиот груб старт Мохамед Салах мораше да го напушти теренот со солзи веќе во првото полувреме.

Рамос по финалето беше обвинуван дека намерно ја повредил ѕвездата на Ливерпул. Со денови бил на удар на британските таблоиди, како и на навивачите на социјалните мрежи. На натпреварот против Англија секој пат кога топката била кај него тој трпел навреди и исвиркувања од страна на навивачите.

-Слушав свиркања, но се трудев да се изолирам од нив, па не влијаеја на мојата игра, изјави Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид и Шпанија по натпреварот се осврна и на случувањата по финалето на ЛШ.

-Луѓето го гледаат тоа што се случило на натпреварот. Не ги интересира што моите деца и останатите членоци на семејството добиваа закани по животот, смртни закани. На нив сето тоа им шега. Тоа е многу чувствителна тема. Мојата совест е мирна. Јас веќе кажав се што имав за таа случка и немам што да додадам, вели Рамос.