вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Артан Нерон и Таче Антоанета во едночинката „Еве како крајот мириса“…

Артан Нерон и Таче Антоанета во едночинката „Еве како крајот мириса“…

Сите знаеме зошто актуелната власт е таму каде што е. Таму се за да крадат и да ги полнат џебовите, патем извршувајќи и исполнувајќи антимакедонски агенди. И толку од нивниот опис на работното место…

Токму затоа, соочени со скорото треснување од власт, дури и северните ајвани сфатиле дека веќе не ќе можат да крадат. И мислеле, мислеле и мислеле хохштаплерите лукративни како да си го продолжат владеењето. Да ги изгласаат пак, немало шанси, дури и нивните празни главчиња го знаеле тоа.  Како што не верувале во Бога, не верувале ни во чуда, а помошта од страна не била доволна оти паднале на испитот. Пустите не можеле да го испорачат ветеното, не можеле да донесат уставни измени. А ветиле, затоа и дошле на власт. Упс, статива…

И така, во една бессона ноќ, една од многуте во кои сонот не ги фаќал поради зборот ОДГОВОРНОСТ, политикантските опортунисти свикале ЕУРЕКА!

Да, им светнало на човечињата, нашле рецепт како да си го „дуплираат“ владеењето. Буквално. Оти, за нив, владеење не значело да прават нешто за државата, за Македонците и македонските граѓани уште помалку. За нив да владееш значело, значи и ќе значи само и само да полниш џебови. И што смислиле суртуците?

Им текнало дека наједноставен начин да го дуплираш бенефитот од своето „владеење“ е да си ги дуплираш платите, зачинето со рушветот и тендер-провизиите од најнебулозниот договор во историјата. Македонија и онака не е битна…

И би 78-настотно золемување плати и би Бехтел и Енка.

Властодршците не ги интересирало како ова изгледа од страна, едноставно, и се јавиле на Кацарска и пуштиле абер до Бехтеловци. Првата морала и сакала, вторите не можеле да одбијат ваков џек-пот. Башка што Лошила така си ја дуплирала својата и онака превисока награда за 27-ми април…

Разврат, самобендисаност, распашаност, декаденција, нахалии, играње со пари, аздис, ароганција, перверзии и агресија. И не, не го опишуваме владеењето на Нерон. Ова е македонската верзија на Артан Нерон и Таче Антоанета.

Безобразието на забеганите северни властодршци одамна нема граници, но ова дефинитивно е крешчендото. Она, кога знаеш дека набргу ти завршува преголемата ролја, па со силно УРААА! влетуваш во пет броја поголемите кондури и удираш „на весеље.“ Развратно оро предводено од човечуљакот кој ни на сон не сонувал дека ќе биде премиер и од мизантропот чија кариера требаше да заврши дента кога тепаше македонски деца на скопското Кале. Велат дека спротивностите се привлекуваат, така што оваа кохабитација и интересџиски брак меѓу одродот и шовинистот станува така нормална…

Велат и дека вака крајот мириса.

А не да мириса, пустото смрди, корне, базди и труе надалеку. Наметнувајќи притоа и неминовна, безусловна потреба од едно итно, здраво и семакедонско проветрување…

И за да биде маката македонска уште поголема, сите овие глупандерски злодејанија ни се случуваат на самоти одбележување на еден огромен јубилеј, на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев, таткото на современата македонска нација.

Датум за кој безрбетните властодршци не се многу заинтересирани, за да, не дај Боже, не ги навредат Бугарите, та  чествувањето кое требаше и треба да трае со денови, го нема ни за лек. Опортунистички северни чеда на кои толку добро им прилегаат Гоцевите зборови:

Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот…“

Лукративна банда која никогаш нема да ја разбере неговата порака:

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

А, нас? Нас и идните генерации Македонци треба да не’ водат овие зборови на Гоце Делчев:

„Труд и постоја
ност, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“

„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“

Ете, зошто ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!

Слава му на даскалот, вечнаја памјат!

 

 

З мај, лето Господово 2023-то

Љупчо Цветановски