сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Борис Трети и Црпко Втори

Борис Трети и Црпко Втори

Поради наездата на петтоколонаши, веќе шестта година Македонецот се буди со мислата „до кога бре вака?“ Стотици денови во низа станувате со дилемата до кога секој нов Божји ден ќе биде нов срам? А ќе биде, исто како што знаете дека сонцето и утре ќе изгрее. До кога понижувањето и изживувањето врз македонштината ќе биде замена за „добар ден“?

Одговорот е толку едноставен. Се’ додека не’ водат црпнати политичари, ќе биде така. И уште полошо…

Да не заборавиме, претходниот беше црпнат од нива, а сегашниот од министерство за финансии. И афирмираноста била иста во моментот на црпнување. Колку што Црпко Први го знаеле и познавале кога го црпнале од нивата, толку и неговиот престолонаследник Црпко Втори го знаеја кога дојде од финансии. Ок, муртинскиот Црпко можеби и го знаеле повеќемина, оти многу пипер по Југославија продавал. Она, кога учел како да продава ајварки скапани во средина на вреќата, за да потоа со песна нескриено и со елан продава национални одредници и светии.

Бидејќи, секоја нова недела владеење се покажува дека Црпко Втори на секое поле може уште полошо од монархот кој го насади во партија и премиерската фотелја. Да, гарант ќе испадне и дека Таче Црпков имал 5 први девојки. Муртинхаузен имаше само три. Несомнено знае и повеќе јазици од муртинскиот полиглот…

Сакате да се кладиме дека и за новоцрпнатиот/новонасадениот политикант рибата смрди од опашката?

Да не заборавиме, Црпко Втори ги погази дури и „црвените линии“ во оносите со Бугарија, кои неговиот претходник ги потпиша и со кои се согласи во собранието. Оти, мисирката секогаш може подобро од зајакот. Стара македонска поговорка…

И додека Стево Стокиќ прави журки по Вила Водно со Нивес Целзиус, која ни ја поганеше гардата, правејќи ја претседателската резденција стриптиз клуб за сексуално исфрустрирани северни дилајли, Црпко Втори се криеше уплашен од ефектот на Борис Трети. Да, оној фашистичкиот поданик возљубен во ликот и делото на Адолф Хитлер, Царот кој владеел со Бугарија додека 7.199 македонски Евреи беа депортирани во Треблинка, кога ги убиваа децата во Ваташа, во времето кога и ја сечеа главата на Дуња, го егзекутираа Мучето и илјадници други разбудени Македонци…

Царот кој го носи името на „културниот“ клуб отворен во Охрид, балканскиот Ерусалим, клупско другарче на Ванчо Михајлов из Битољ, претходник на клубот „Цар Фердинанд“. Кој е следниот македоноубиец кој ќе краси име на клуб во Македонија? Северни перверзии пуштени на најјако.

Се прашувате, до каде можат да одат одродените северни дилајли? Одамна не, нели? Знаете дека немаат трунка осет и срам, ни трошка чувство за Македонија и Македонците, ни грам чест и достоинство. Ќе одат најдолу што можат. Не небото, за нив земјиното јадро е граница.

И што ќе направи Македонецот? Ќе ги земе, конечно, работите во свои раце? Ќе излезе од апатијата и рамнодушноста?

Јок. Ќе рече „Бог да чува од Црпко Трети!“ А и тој, каде и да е ќе си дојде, додека Црпко Втори ќе се упати кон грчката хациенда на Црпко Први, за награда и починок. Среде светска криза сега национални прашања да оправаме ли? Нема шанси, та нели Македонија е вечна, а ние пиреј…

А кубурот? Па тој е за црни денови, нели…