среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Човечето кое не знаеше да каже НЕ

Човечето кое не знаеше да каже НЕ

-Сакаш ли да владееш со Македонија, иако не си го заслужил тоа, да бидеш премиер без да победиш на избори? –ДА!

-Ќе го смениш ли вековното име на Македонија и Уставот само за да останеш на власт? –ДА!

-Желни, спремни и волни ли се и тие неспособни суртуци околу тебе збрани да продадат се’ што е македонско, а за возврат да си ги полнат џебовите ко никогаш пари да не виделе? –ДА!

-Ветуваш ли дека ќе немаш проблем да ја ставиш Македонија во апсолутно подредена позиција во однос на Бугарија и Грција, а на Албанците ќе им дариш неаргументирана двојазичност? – ДА!

-Свесни сте дека сте тотално, апсолутно неспособни за водење држава, дека ќе ја урнисате економијата, ќе испоумрете еден куп народ, ама вие сте подготвени и согласни со сето тоа само заради власт? –ДА!

-Разбираш ли дека вака веќе не ич  ја бива работава, дека ја прекардашивте, уништивте се’, па ќе мораш демек да си заминеш, ама на свое место ќе наместиш еден Таче да ја води државата и партијата? –ДА!

 

Кус, кроки 5-годишен политички животопис на премиерот кој не знаеше да каже НЕ.

Велат, и ќорава кокошка ќе клукне по некое зрно. Така и Филипче еднаш кажа вистина. Да, глаголаше дека Заев бил човек кој не знаел да рече НЕ. Ок, Венко го утна контекстот, демек ЗЗ тоа  НЕ не знаел да го рекне за потребите на здравството, ама Македонците се свесни дека тука некој саглам лаже, затоа што поруинирано здравство не сме имале никогаш. Или, можеби и Зоче давал, ама парите чудесно, онака магично-комуњарски ги снемувало? Јок, не може затоа што пари веќе нема, се’ стопија лепливите прсти на северџаните…

ДА, Зоран е  дефинитивно човекот кој не знаеше да каже НЕ. Затоа, пустиот и ќе остане омилен лик кај нашите соседи и меЏународната заедница. А, кој не би посакал таква бедотија од политичар кој ќе стори се’ само и само за да остане на власт. Без никаква друга идеја што да прави со неа, но важно е да биде премиер, а останатите му неспособњаковиќи дарени со Данинг – Кругеров ефект министри, директори, советници…

Интересно и парадоксално ко и се во СДССССС, лик кој е вљубен во ликот и делото на Јосип Броз Тито (оти така му кажале де) познат по ТИТОВОТО „НЕ“,  ќе остане запаметен по ЗАЕВОТО „ДА“. Во серија…

Замислете, колку ќе беше поинаку, макар еднаш Црпко да кажеше НЕ? Ама, тогаш, ЗЗ немаше да биде тој што е, ниту СДССС оние кои што се. А ние? Е ние се’ уште ќе бевме она што СМЕ и што повторно ќе бидеме, но откако ќе ги прележиме малите северџаници (сипаници). Чуму мали? Епа, Заев беше од големите северџаници, а муабетот директно произлегува од патетиката на неговиот пулен и наметнат наследник Ковачевски. Што би рекле, акординг ту Ќуран…

Оти, Таче со пиетет и восхит најави дека тој и неговата маленкост ќе се занимавале со МАЛИТЕ работи, затоа што Зоче Велики ги „решил“ ГОЛЕМИТЕ . А, ако Таче ги „решава“ онака као што ги „реши“ Зоче, црно ни се пишува, знаете.

Затоа, ајде 2022-та, која нормално си доаѓа по 2021-та (само тоа не го урнисаа Заевци) година во која ги прележавме големите северџаници кои полека но сигурно одат во историјата, да завршиме со пандемијата на Корона и епидемијата на Заевизам и напливот на мали северџаници. Иљачот го имаме, го испробавме во октомври. Делува, проверено и одлично.

Среќна Нова 2022.година и дај Боже 2023 да ја дочекаме живи и здрави во една поубава и повистинска МАКЕДОНИЈА. Оти, само таа е вечна…