среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Чуварот на тронот на СДСС: Епизода втора

Чуварот на тронот на СДСС: Епизода втора

30 години, а во СДСС се’ си е по старо. Се е исто само „него“ го нема. Не Тито, БЦ на тронот, нели. И така, цели три децении минаа, а тие пустите не научија ништо. И сега, исто како и пред три децении, „работат“ и заработуваат (солено) од распродажбата на националните интереси, егзистираат само и само поради „услужливоста“ и сервилноста кон сите, освен кон Македонија, економски не закопуваат, надворешнополитички не осакатуват и се’ уште ги красат истите три квалитативи – ароганција, неспособност и неодговорност. Трите „оче наш“ на парадоксалните атеисти кои се крстат и во Бога ако треба да преживеат на политичката сцена. Само тогаш. Ок, и кога не треба да одат во затвор, де. Ко Заев, Буки и армијата други фацки со лепливи рачиња…

Освен начинот на кој 30 години преживуваат ко партија и класиката дека секогаш кога се на власт губиме по некое од националните обележја, по некоја фабрика и правиме глупави, потпушувачки и кондомски „компромиси“ со соседите во кои нема ни „К“ од компромис, дилајлите од СДСС се и жив пример на онаа старата дека „старите кучиња не можат да научат нови трикови.“ Интересно, затоа што некои од нив и не се така стари, ама очебијно се многу послушни…

Сакате ли подобар доказ за неинвентивноста и дибидуслукот од начинот на кој се спрема „промена“ на тронот? Со патетична реприза. Ви текнува како таа се случи во минатото? Како Заев Муртинхаузен стана претседател на СДССС? Си спомнувате на еден привремен, В.Д. чувар на тронот на Бранко, едно гревче кое иститот тој БЦ го црпна од Муртино и си го постави за времен гардијан на престолот на Бихаќка? Ок, не само што го црпна, туку и претходно го амнестираше од криминал тежок цели 8 милиони евра…

Тоа се „деси“ 2009-та, па Бранко пак си го презеде она што по СДССС тапијата му припаѓаше, а враќањето на црпнатиот џедај беше во јуни 2013-та. Не случајно е 13-ка, толку баксузна година за Македонија, време кога никој и не претпоставуваше што некогашниот чувар на тронот е способен да направи. Арно ама, муртинскиот Кербер ги изненади сите, па и својот заштитник БЦ. Такви антимакедонски „афинититети“ и способности не очекуваше никој. Добро, некој, сепак, знаел, нели…

Минаа цели осум ипол години од тогаш, а ЗЗ направи толку злодејанија против Македонија кои нормален политичар не би ги стокмил ни за осум ипол децении. Море векови. И сега, по се’ што не требаше, а  стори, Зоче ќе си оди во пензија? Ќе и се посвети на марихуаната и плантажите, на ајварот и ќе си тера бизнис со Вицето? И црпнатиот пензионер ќе се надева дека власта нема да се смени за да случајно не оди во ќорка, а?

Абе, ајт таму. Заев така случајно ко некое домашно милениче или трофеј го шетка и промовира својот анонимен наследник, за кого и во СДССС и ден-денес на 95 насто од партијците не им текнува кое е човечето и од каде ли изникна? Лик кој за својот идол и шетач вели: „Претседателот Зоран Заев постигна извонредни резултати во својот мандат.“ А тој пустиот само насила смени име на држава…. Па така, „ничим изазваним“ ЗЗ насекаде си го носи со себе ко привезок и го промовира ко Мис Муртино по средби за спас на влада ли? Из чиста мира СДСС ја вклучи пропагандната машинерија на најјако па Димче дава мега-интервјуа со формат на „Војна и мир“ за државната МИА, па гостува кај Ордановци, па сите провладини медиуми на „дугме“ го шеруваат тоа со денови, абе да се растреперите и разнежните од патетичните наслови и розови текстови. Или, еве еден цитат од интрото на текстот-хвалоспев на слободните печатковци:  Димитар Ковачевски е еден од најактуелните кандидати за нов претседател на СДСМ, барем додека не се пријават други.“ Кх, кх, кх, затворен цитат. Само, не „контам“ како тоа може да биде „еден“ од најактуелните, кога никој друг не е пријавен? Епа, тоа е комуњарската замисла за демократија. Еден, насила натурен и непримерно изрекламиран кандидат со јасна директива од врховниот им, црпнат командант. И толку од демократијата. Заев ќе го промовира и влечка по настани, сите од тајфата му ќе го величаат заменикот на финансии кој заменикуваше во периодот кога се задолживме ко Грчка на времето, „слободарските“ медиуми ќе го ставаат на насловна и ќе трујат за него нон-стоп, 24/7 ќе ве дават со неговите неверојатни успеси. И? И СДССС ќе го добие она што им следува, „независен“ претседател!!! А тој позависен од ЗЗ отколку Павле од бело…

Човече кое од стартот е во целосна сенка и протеже на Заев од самиот зачеток, сега ќе биде новиот им шеф кој наводно ќе донесе промени во СДСС? Тој ќе биде ликот кој ќе го смени ликот на најнеморалната, најсервилната, најантимакедонската и најнеспособна партија во Македонија и многу пошироко? Зоче го изм’кна од сивилото и анонимноста, ќе го направи лидер на партија, а тој, демек, ќе продолжи независно, непристрасно и лидерски по својот пат??? И нема да биде „оком-скоком“ како што ЗЗ ќе му реше? Јок, никако. Нема да функцинира на копче или нема да биде на муртинско сиџимче? Нема само да му го чува тронот на идолот и соученик? Абе ајде, дајте уште некое литро нафта. Добро ќе ни дојде со стандардов и недостигов на струја во најава…

Башка, едно ме интересира. По се’ што Заев направи против Македонија и Македонците, сега само ќе се пензионира и толку? И СДСССС во катарза ќе се прочисти од гревовите на злочкото кој од толку ќеф да биде премиер направи се’ што не треба? Филипче ќе му даде на некој алтернативец да министерува со здравство и никој не е виновен за пеколот со модуларните болници и над 7.000 мртви од корона? Што е следно, Бочварски ќе му го даде местот на Кастриот Реџепи и ќе се заборави на 45-те изгорени душички во автобусот без лиценца? Маричиќ ќе замине на аџилак и слабеење и ќе заборавиме и на затворените браќа патриоти од 27-ми април ли? Мало сутра, што би рекол црпнатиот северџански мислител. Ни Вардар не ве пере. Црните проблесоци со кои толку силно блескавте не се забораваат така лесно…

П.С. За оние два-тројца вљубеници во ликот и неделото на ЗЗ. Смирете се и не грижете се, Зочето набргу ќе биде пак на лидерска позиција. Четврта аболиција нема да има, а криминали колу сакаш. Значи, ќе мора да се врати пустиот…