среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Да, рибата смрди од опашката

Да, рибата смрди од опашката

Додека трајно неспособниот мисир го правеше она што  го прави најдобро, односно не правеше ништо, неговиот газда полека и сигурно се враќаше на сцена. Ни фалеше Муртинхаузен? Јок, ни случајно. Ама тоа нема да го спречи…

Да, Црпко засилено се самопромовираше и сликаше. Случајност? Јок, се уплашил новопечениот „филантроп“ од реалноста наречена зандана. И замислете, Зоче негираше дека ќе се врати на политичката сцена?! А, поверојатно, зајакот намирисал дека ќе паѓа во провалија сосе мисирката, па си прави отстапница. Знае пустиот, дека откако северџганистанците ќе бидат сменети и см’кнати од власт, неминовно доаѓа времето на одговорност. А криминал, тендери и државна „помош“ колку сакаш, за извоз ги има. Па така, ги начулил големите уши и се свестил дека дошло време за враќање. И онака, мисирот престолонаследникот го одработил своето, го прифатил забеганиот „француски“ предлог, направил милионски фотоволтаичен бизнис со паунот, а толку му бил мандатот и потребата…

А како ќе познаете дека Зајко е во форма и дека пука од желба да се врати? Многу лесно. Пак зборува за себе во трето лице еднина. „Заев нема да продолжи“, срочи Заев… Исто како на стартот на „кариерата“. Она, кога Заев зборува за Заев и кога Црпко ламентира за „тој Црпко“. Психолозите велат дека децата веќе во втората година од животот учат за „ЈАС“ и сфаќаат дека употребата на јас за себе е исправно, а зборувањето во трето лице еднина со име и презиме е инфантилна будалаштина. Да, тоа се децата во втората година, но не и Црпко во 48-та година. Најверојатно и никогаш. Психијатрите, пак, оценуваат дека оваа појава е знак на нарцизам и прв симптом на шизофренија…

И додека дволичното човече кое свесно го уништи енергетскиот систем на Македонија и тендер-рушветски ја урниса економијата се кочопереше и помпезно булазнеше за енергетика, струја и економија, м’кнејќи го синчето струјар зад себе ко што претходно го м’кнеше и престолонаследникот Ќуран, сега промовирајќи го подмладокот во бизнис светот, меѓу сите демагогии кажа и една вистина. Неверојатно за него, нели? Фројдовски призна „И се радувам на слободата“. Да, и’ се радува, ама многу…

Црпко во Тетово потсвесно си призна дека и’ се радува и ја сака слободата затоа што знае дека набргу може да ја загуби. А добро знае и зошто. Свесен е и дека сороспијската фондација „Заев“ со која глуми муртински филантроп нема да го спаси од одговорноста. Та сега, спрема ли спрема терен зајакот, макар за да ја преживее зимата. Се претставува себеси, верувале или не, како бизнисмен, веројатно алудирајќи на приказната за третата прва девојка од Србија и ајварките со скапан пипер во средина, по што следуваше партиски преземена државна фирма, „Глобал“ тежок 8 милиони евра, стотици илјади за „црквата“ и Вицето, марихуана бизнис и државна помош од 1.4 милиони за истиот тој ајвар. Вајстина, добар бизнис, побонбона, здравје…

Сето ова, пак, се случува во исто време кога најпревртливата градоначалничка во историјата и новопромовиран чирак на Црпко и орелот Али, ја обвини опозицијата дека поради нив автобусите во Скопје не возеле?! Не, не дека гавазите на Ќуран му должеле на ЈСП три милиони евра, јок. Не е ни таа, крива е ВМРО. Ко што е виновна и за инфлацијата, за немањето струја, за короната, за хаосот во здравството, за забеганото образование, за војната во Ветнам, за Авганистан. За се’.

Толку едноставна, комуњарска логика, според која опозицијата секога е виновна за се’ што тие ќе заебат и уништат. А Данче така „права“. Класика од кујната на Бихаќка. По вокабуларот од говорница со кој целосно се разоткри, секој следен чекор само дополнително ја демистифицира Да/не/ла. Потврда, негација, тра-ла-ЛА. Парадокс на две нозе. И самото име кажува, на страна што одлично и прилега.

Знаете, ако личиш на северџганистанец, зборуваш како чирак на Црпко, дејствуваш како продолжена рака на СДССССС и се однесуваш како неокомуњар, тогаш, логиката вели дека мора да си таков.

Стана и премногу симптоматично – а им загусти на Зајко и Ќуран, влетува и спасува Данче. Како беше она, дека случајност се вика актот во кој само не можете јасно да ги видите конците кои ја придвижуваат кукличката/марионетата на сцената?

Во овој случај, конците се гледаат од авион. Фали уште градоначалничката да почне да зборува за себе во трето лице еднина, нели? А поради „вината“ на шоферите и одборот на ЈСП, веројатно и таа како Црпко има три-четири први љубови и гарант мисли дека рибата смрди од опашката…