вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Експериментот Македонија

Експериментот Македонија

Си била еднаш една држава. Се викала Македонија. Да, се’ до почетокот на експериментот…

Прво бевме држава, па станавме протекторат, а сега и експеримент. По тој редослед, а сето се случи за само 5 години. Историски гледано, 5 години не се ни зрнце песок во пустина, ни капка во морето, ама кога си имате корисни идиоти како овие од СДССссссссс, тие 1.825 дена се небаре цела вечност.

Во експериментот Македонија децата немаат учебници, втора година по ред. Првата се вадеа на наводна ступидна дигитализација на дилајлата Царовска, а втората осилените северни владејачи не ни приложија изговор. Чуму, кога сфатија дека во овој експеримент се минува без проблем?

Па така, учениците во северниот експеримент учеа од некакви идиотски и „набафтана“ склепани „Материјали за учење“ преполни со имaгинарната „северна“ глупоштија и НВО фрази, а никого ниту мува не го лазеше. Молчеа родителите, ќутеа институтите, невладините кои сега беа владини си „цепаа“ пари од проекти, пензионираните пленуми веќе беа дел од кабинетите, задоволните амбасадори исчезнаа од радарот. Се’ си беше тамам…

Во овој социјален опит, поради идиотизмот и неспособноста на марионетската влада, цените на се’ живо и диво скокнаа над 50%, а платите не мрднаа. Ако ги имаше, де. Само цените и „скокаа“, се’ друго во државата паѓаше. Национално, економски, здравствено, образовно, популациски…

Во истиот тој експеримент наречен Македонија, мнозинството му ја плаќаше струјата на малцинството. И немаше никаков проблем со тоа. Им спонзорираше и вработувањa, а тие не ни одеа на работа. Фингираа и пописи за нив, беа 70% од владата, раководеа со Парламент, се’ за мир во експерименталната куќа. И мнозинството немаше никаков пробем ниту со тоа. Од време на време, ќе закукаа малку, ќе писка, врескаа ли. Па, па ќе си се смиреа. И пак, се’ си беше тамам…

Во земјата која некогаш се викаше Македонија, владата им забрануваше на винарите и производителите својот продукт да го претставуват како македонски. Да не ги налутеле Грците. Истата таа антимакедонска влада на македонските генетичари им препорачуваше да не го прават истражувањето кое треба да одекне како атомска бомба, а се однесува на генот и потеклото на Македонецот. Повторно, за да не ги налутат јужните соседи на северниот експеримент. И, никој не се потресе. Пак…

Експерименталниот модел претпочиташе бугаризација на државата, без пардон, затскриен зад наводна европеизација. Затоа, северџганистанските владејачи потпомогнати од Албанците во Собранието го прифатија мазохистичкиот Француски предлог, само и само за да ја лансират „братска“ Албанија во ЕУ орбитата. И ја лансираа, а недрагиот академик Ѓеорѓиев објави дека прифатиле тотална бугаризација на македонското средновековие. Со две раце. И пак, се’ си беше убавко и мазно…

Во опитот, вредностите беа целосно изместени. Секаде во светот, големата моќ носеше голема одговорност, а во експериментот Македонија големата моќ носеше тендери и можност за рушвет. Спонзорите го гледаа тоа, понекогаш и ќе плеснеа јавно по некоја шлаканица, ама потоа пак галовно си ги мазеа своите пуленчиња, кои велат, се раѓале еднаш во илјада години.

И ок, сите знаеле дека хохштаплерите кои владејат со државата се избрани на еден драфт на кој победувале најнеспособните, најпослушните и најсервилните. Јавна тајна за целата популација бил фактот дека Ќуран и компанија биле избрани по теркот и моделот на докажаниот изведувач Заев, целата нација знаела дека IQ33 и способноста да ширите демагогија и гол популизам биле основните предиспозиции за да станете премиер, министер, претседател… Ок, така е, сите ги знаеме овие работи, не откривме топла вода ниту Америка. Некое фајде од тоа? Јок…

И откако станавме држава во која македонскиот јазик премина во „мајчин“ додека народот наголемо ја тераше власта во мајчината, а гордоста и достоинството, буквално, станаа мисловни именки и играчки за „по дома“, шалабајзерската антимакедонска влада и натаму со сите сили сакаше да ја уништи колективната меморија на Македонецот. Дилемата беше, дали беше редно некој Чом да го изгаси и светлото? Она, на крајот на тунелот… Да не испадне дека додека се шлепавме на прикаската за пирејот и дека „се’ што има почеток, има и крај“, ние да го доживееме ова второто. Факт е дека сороспите нема да го изгубат интересот за експериментот, особено кога дава вакви „фантастични“ за нив и поразителни за нас резултати. Да, Македонија е вечна, но не е на одмет малку и да и’ помогнеме во опстојбата, нели?

Велат, не чекала страшна, кризна зима. Ту, ту, ту, ние Македонците сме родени и израснати во криза, ќе ја преживееме и оваа, душата нема да ни ја земат. За ова и ќе ви простиме, знаеме дека сте економски дунстери со други антимакедонски приоритети и задачи, а изобилството и онака ни е непознаница од самоти раѓање. Повеќе боли ова другото, кога ни газите по националното, по предците, историјата и честа. За ова, немало, нема, ниту ќе има прошка.

Дефинитивно, ќе не изучуваат по универзитети како пример за социјален самоуништувачки експеримент и ништеање нација, паралелно со корона светскиот експеримент. Очекувано и оправдано. Но не, не очекувајте од корисните идиоти кои се декларираат како Македонци, да сфатат дека е подобро да издадат книга, отколку татковината…