вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Евтини приказни на заминување

Евтини приказни на заминување

Додека стивнуваше пожарот во „Гоцевата шума“ кај Неготино, истовремено, полека, но сигурно, се гасеше и пожарот во Гоцева Македонија. Стихија која ја предизвика владеењето на Заевиот престолонаследник Таче Црпков, катализирана со ступидниот пиромански акт со прифаќањето на бугарскиот Француски договор…

За „Гоцевата шума“, доказ за гаснењето беа димот и пепелта.

За Гоцева Македонија, пак, репер и добар знак за стивнувањето на глупандерскиот пожар се одбројаните месеци на власта која брои „ситно“, дни пронижани со крешчендо од патетични „оставки“ на Грубиевци и ботовски смејурии на Ќуран.

Кај шумата крај Неготино мирисаше на чад, кај Тачевци и Дуевци потезите мирисаат на страв. Реа на силна паника во редовите на ултра-антимакедонската коалиција која знае дека траснувањето од власт неминовно доаѓа. А со неа и одговорноста за дузина злодејанија. Траскање, без меко атерирање…

Затоа, Дуевци на Командантот Вечни понудија оставки, ама замисли – само и само кога опозицијата ќе гласала за уставни измени?!?!?! Евтини приказни на најскапата влада, која многу ја чини Македонија и Македонците. Башка, поглупи приказни -здравје, но чек, чекајте малку, оставки во замена за што???

Предлогот  на ДУИ во превод е ваков: „Ние Дуевци, заедно со побратимите неспособни од СДСССС за неколку месеци ќе траснеме од власт. Ок. Тоа го вели 101 анкета во низа. Факт. Ок, пак, Арно ама, ние ви нудиме да се самоукинете ко нација и да се самозатворите и избришете ко народ и партија, а ние ќе ви дадеме шанса за да владеете бедни 5-6 месеци пред нашиот рок на траење и исчезнување! „Шанса“ која отвора и нова шанса ние да се вратиме на власт со Таче. Бива ли? Многу сме великодушни, нели?“

Одговорот е повеќе од  јасен, а се должи на следното:

1.Коалицијата која не треба да е на власт по дебаклот/хаварија на последните локални избори ви нуди оставки, а за возврат бара само да извршите национално харакири? Истата онаа коалиција која не требаше да дојде на власт ни во 2017-та, а во 2020-та дојде по „пад на системот“?

2.Коалицијата која ја чека мега- страшен дебакл на следните избори ви нуди оставки преку Ахметовци (оти Ќурановци/Заевци немаат храброст/болс за такво нешто), за да на изборите кои следат (по вашето харакири) СДССССС има некаква, еден во милион шанса за пристоен пораз, а вие да се самозакопате за век и веков?

3.Коалицијата која ќе биде запаметена по најантимакедонското владеење во историјата, сега бара од противникот, кој сигурно ќе ги прегази на следните збори (кога и да бидат), по нивни пример да стане предавник за да тие не бидат осамени како такви ли? Ваушност, романтична ли е понудава северџганистанска?

4.Коалицијата која наликува на давеник кој тоне, се фаќа на идиотската сламка дека македонските граѓани ќе поверуваат во нивната чесност, доблесност и дека власта не им е битна, та Артан и компанија се жртвуваат за иднината на нашите деца?

Вака, можеме до сто и едно…

Туку, тој што ви ја пишувал стратегијава да ви ги врати партите. И тие, башка, украдени од нас.

Ви веруваат исто како што кој било нормален во државата верува дека Артан го возел Аудито на комшијата заради тоа што е многу убав , миличок и добар сосед…

Дечки, понудава за оставки пред да заминете во политичка пензија во замена за гласање за уставни измени ви е неверојатно глупава, исто ко муабетот на Таче за руските ботови кои се против уставните измени, а можеби и поинфантилна.

Ако сте мажи, а не сте, бујрум на избори, доста со ваквите боливудски сценарија подобни саде за турски серии. Да имавте сила, ко што глумите, уште утре ќе излезевте на мегдан. Ако бевте мажи, де…

Очекувано е. Како доаѓаат изборите, така се повеќе и повеќе ќе се тресат и потресуваат фотелјите и душичките на ајваните од власта. Така и се почесто ќе се тресат ли тресат и глупости од истите. Со секој минат ден, крајот  е се поблиску. Крај, кој со себе носи мноооооогу одговорност за антимакедонските ботови.

Велат, не дај Боже да си му во кожата на криминалец кој знае што го чека. Уште полошо околу него. А, ако е неинвентивен како северниве инсталации, можете само да замислите какви се не глупоштии и индолентни прикаски не’ очекуваат следниве месеци.

Циркусот на Таче и Артан е на сцена. Во тек се последните забегани скечеви од ненародната, трагикомична претстава.

Ќе ја напуштат набргу. А добро знаете како и со што по задникот заминуваат кловновите во циркусот. Едно е сигурно, овации при испраќање не им гинат. Сето пропратено со илјадници насмејани лица…