вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Колибата на чичо Таче/Том

Колибата на чичо Таче/Том

Во парадоксалниот северен протекторат во кој учениците ќе почнат учебна година без да имаат свидетелства за минатата, бугарска демек образовна фондација си пукаше во нога. Замисли само, давале по 30 евра за секое македонско дете кое ќе сака да учи бугарски јазик?!?! Чек, чек, чек, да не се малу јанлаш асимилаториве?  Па нели бре бевме еден народ во две држави, лажевте дека јазикот чинам ни бил бугарски? Упс!

Статива. Каков е тој „еден“ народ кој не го знае јазикот на „братот“, обаче фондатор? Тешка глупост, потешка здравје. Скоро ко онаа на недрагиот Ѓоргиев и заевистанската комисија за квази-историја…

Во исто време, пак, момчето кое се продаде за една, не за две чрвени, Ќуран од Северистан (случајно, има и рима), молчеше и го правеше она што најдобро го знаеше. Удоволуваше, слушаше, климаше, сработуваше, Рациновски за македонски црни гробови чистеше туѓи, бели дворови. Македонскиот чичо Том од колибата на „Илинденска“ бр.2.

Истиот тој Таче Западнобугарски кој не може ни да обезбеди свидетелства за децата, успеа да „среди“ од оваа година најважниот предмет во школството да стане МАЈЧИН, не МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Се подразбирало дека мајчиниот бил македонски за Македонците, ајде мајката? Ова го прават Едиповци со Електра комплекс кои без проблем и со многу елан и е.аа мајката на татковината.  Сето во исто време кога Бугари ораат по Македонија и Албанија, асимилирајќи небаре се во 19 век, а „Ќуран компани“ им учини уште една услуга на своите господари. Чичо Таче ко чичо Том, тој секогаш ќе направи се’ за своите господари, а никогаш ништо за својот народ, за своите. Не бадијала го укинаа од програмата за лектири…

Знаете, во „новата“ Македонија ја гледаме репризата на старата САД од времето на робовите. Само што нашиве среќни робови не берат памук, туку марихуана. Ок, купуваат и поликлиники, тераат и бизнис со струја, ќаруваат тендери и „иновации“, обезбедување и други доходовни „дејности“ и криминал. И тие како и тогаш американските среќни робови, се пресреќни што работат во куќата (читај влада), а не во полето. Овие анахрони елементи се оние вечно привилегираните,  кодошите на стопанот, чеда замиени под мишка кои гласно и страсно се потсмеваат со своите мозочно немиени и разбудени браќа и сестри, послушни и услужни дилајли кои така и само така опстојуваат на своите позиции и во животот. Кај овие нашиве среќни робови преовладува нишката „да му умре козата на комшијата“ или, поверојатно, аланфордовскиот епитаф на кој стои „Јас лежам закопан долу, а ти си горе. Подобро би било да е обратно…“ Среќните робови биле,  се и ќе бидат најголемиот непријател на слободата…

Во најновата епизода од серијалот „Северни дилајли“, Тачевци се замозакопаа и самоукинаа. Веројатно, за да не бидат покусо од шалабајзерството на бугарската фондација која го уби вековниот софиски филм дека македонскиот е бугарски јазик, иако, многу поверојатно е обратно.

Да, Тачевци се самоуништија и самоизбришаа, со указ. Невиден мазохистички и и суициден чин, со кој заличија на монтипајтоновскиот  „Самоубиствени одред на Јудејскиот народен фронт“, кој откако ги победи и порази Римјаните, изврши масовно харакири…

Така и Тачевци, среќните робови на Заевци и други господари,  сега употребата на поимот „сев.рџ.н“  ја ставија во рамки на казниво кривично дело. Било навредливо, небаре имале срам, чест, гордост и достоинство. И така, сега не смеело да се употребува името кое народот не бадијала им го стокми. А си го заслужија, за сите пари, настрана што толку добро им прилега, ко „саливено“. Сега северните чеда се заштитени со закон, ко мечки…

И додека Македонецот се прашуваше на што дрога се властодршците,  дилемата за нивната состојба на умот само раснеше. А, решението не било далеку, пред нос да ни било. Ви текнува на едни други рамковни дечки кои нон-стоп меѓу себе се викат така, но кога ти ќе ги наречеш со истиот тој збор, тоа е смртна навреда?

Епа, така и Тачевци, за кои сега за да не заглавиме во затвор, ќе мора да измислиме нов збор, некој нов неологизам, збогатувајќи го со тоа македонскиот јазик кого политикантските северни хохштаплери сакаат да го укинат и пензионираат. Всушност, кога ќе размислите, Макрон, Петков и компанија не згрешија. Кога зборуваа за „северомакедонци“, тие мислеа и алудираа на една конкретна владејачка болумента. Северни дечки, без навреда, а срам знаеме дека немате ни за лек, вие не сте Македонци, вие, дефинитивно, сте некои новокомпонирани, бессрамни, послушни и корисни северомакедонци.

 

П.С.

ООН очекува до крајот на векот населението во Македонија да се намали за половина. А, реално, и кој би останал во земја во која веќе не е свој на своето, олупина со сменето пежоративно име, држава со историја на распродажба, татковина во која некој од власта на смени и секојдневно уринира врз гробовите на нашите предци и дедовци, протекторат предводен од послушни, корисни идиоти и среќни робови?

Кој ќе остане??? Пак ние, Македонците…