среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Наследниците на барон Муртинхаузен

И онаму каде најмногу го фалеа, во се’ друго тапосаниот харвардски курсист, падна и трасна ко  балван. Долни или горни, не е битно. А го фативме во лага благодарение на Вучиќ, кој ги издаде македонските лажливи наследници на барон Муртинхаузен. Интересно е што никој воопшто не се изненади што во период на светска воена криза Ковачевски и бандата околу него ја оставиле Македонија без основни намирници во стоковите резерви, уште помалку што лажеа и се фалеа дека се полни. Ќе се изненадевме доколку не беше така. Е, тоа ќе беше изненадување. Вака си доживеавме реприза на вакцините, Србија пак не спаси, сега со брашно. Живи и здрави да се, оти инаку со оваа неспособна и криминогена банда го обравме бостанот....
Наследниците на барон Муртинхаузен

Кој лаже, тој краде, вошки врие и на таван спие. Ова е старата поговорка. Новокомпонираната вели: Кој лаже, тој краде, пари врие и на Илинденска бр.2 спие. Ко „саливена“ им стои и онаа втората, дека на лагата и се кратки нозете. Ги фаќаат во неа, во просек за ден-два. Национални лилипутанци, без трунка осет и чувство за болката и потребите на сопствениот народ…

Да, дефинитивно, Таче продолжува онаму каде што Зоче застана. Секој Божји ден се подобро сфаќате чуму Заев така демек апансас бркна во шеширот и на сечие изненадување го измкна токму Ковачевски назначувајќи го за престолонаследник.

Уште вториот ден од „мандатот“, кој не ни требаше да го тера, Таче се покажа јако на национален план со писмото до ООН и улизувањето околу Петков. Оригинал ЗЗ, сервилна копија број еден. Го видовме и како се справува со безбедносни проблеми и предизвици. Исто како Црпко. Ѓоамити близнаци. Онака како што ќе му кажат другите. И на здравствен план се како клонирани. Немаат поим што прават. Од прв до последен.

Ветувањата беа дека на економски план ќе биле поинакви. Директорот Ковачевски тука бил јак. Заборавија само да кажат дека и директорувањето му е благодарение на партија, а тука за јаката „кариера“ и опозицијата имала вина во минатото.

И онаму каде најмногу го фалеа, во се’ друго тапосаниот харвардски курсист, падна и трасна ко  балван. Долни или горни, не е битно. А го фативме во лага благодарение на Вучиќ, кој ги издаде македонските лажливи наследници на барон Муртинхаузен. Интересно е што никој воопшто не се изненади што во период на светска воена криза Ковачевски и бандата околу него ја оставиле Македонија без основни намирници во стоковите резерви, уште помалку што лажеа и се фалеа дека се полни. Ќе се изненадевме доколку не беше така. Е, тоа ќе беше изненадување. Вака си доживеавме реприза на вакцините, Србија пак не спаси, сега со брашно. Живи и здрави да се, оти инаку со оваа неспособна банда го обравме бостанот….

Проблемот е што поради стокхолмскиот синдром со кои се задоивме ко нација, ни стана „добар ден“ молчешкум да ги гледаме злодејанијата и криминалот на северџаните и интегративната банда на Ахмети, армија тендерољупци и неспособњаковиќи кои гарант ја искористиле ситуацијата и дефокусот со Украина за да лапнат уште некој тендер и да направат нови матни бизниси.

Врховниот им Заев во тоа е „струја“, брзо реагираше на првата шанса за правење пари, па ко шлепер улета  токму во бизнисот за струја. Следејќи го примерот на Рашко, преку синот и гарант со парите од мекици и родендени. Можеби е подготовка за обновување на дружбата во некоја институција, па да имаат за што да муабетат…

Лажеа за вакцините во ек на светска здравствена криза, лажеа за стоковите резерви среде светска безбедносна криза. Лажеа и за промената на светото име, лажеа и за Уставот, лажеа и за двојазичноста. Лажеа за департизација на државата и судството, за дигање на стандардот, за задолжувањата, муљаа за некрадење државни пари, сушеа за некакво едно општество за сите, лажувкаа и за уште понекаков влез во ЕУ. Аман бре луѓе, што уште треба да излажат за да го извадиме оној „кубурот за црни денови“?

Или и натаму ќе го гланцаме и ќе се вадиме и перчиме дека не не’ излажале нас, туку „другите“.  Ќе се топориме ли дека ние сме знаеле дека Муртинхаузеновци лажат. И што со тоа? Ќе ни биде ли полесно, државата ќе тргне на поарно, така ли ќе си го вратиме името, ќе го спречиме селењето на нашите деца, ќе превенираме нова продажба на историјата и револуционерите, така ли ќе си ја вратиме Македонија?

Велат, им се погоди короната, а сега и Украина. Паразитите најдобро егзистираат во криза, кога организмот/државата е ослабен. Факт е и дека светот рапидно се менува и освестува преку кризите кои, колку и да се болни, се еден вид катарза за човештвото. Се случува секаде, освен под стакленото ѕвоно под кое се наоѓа Македонија. Да, дефинитивно светот се менува, буди и освестува. За жал, имам чувство дека само ние остануваме исти…