вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Ново предавство во најава

Ново предавство во најава

Немало дерман. Ново чудо пред Стара-Нова Година. Да не ви се верува, ама и Димитров се помакедончи. Да, потписникот на преспанската капитулација, најголемото понижување на македонскиот народ и Македонија, повторно така апансас стана член на столченото племе на Конески? И сето тоа така случајно на тригодишнината од собраниското прокнижување на предавството во Нивици? Многу прашалници? Не, не, многу повеќе се…

Во моментот кога Нино од Димитрови кажа дека Бујар имал аспирации да даде се’ што не треба  за да ја одоброволи Софија, никој не се зачуди. А, чуму и би се зачудил, зарем некој нормален мислеше дека Османи е загрижен за историјата на своите сограѓани, дека се „секира“ околу националните македонски светии? Јок, никогаш никому такво нешто ни на ум на паднало. Очекувано. Арно ама, најавата за ново велепредавство срочено од пророкот Нино, на чија насмевка и гушки со Коѕијас јасно ко ден се сеќаваме, има друга тежина во себе. Се вика НОВА ВЛАДА. Пустата, пак, е нова ко ланскиот снег. Сепак, може има и нешто ново во неа, а? Дали зборуваме за влада за НОВО ПРЕДАВСТВО? Веројатно, многу северџано-логично…

Е, сега ви станува ли јасно зошто Заев избега? Уште појасно зошто усвета од владата фатија и Шеќеринска и Димитров. Јасно ли ви е зошто владата е составена од анонимни дилајли кои реално, според квалификаците и претходните им кариери, требало да бидат пресреќни доколку некогаш се вработеле и на портирница во истата таа влада? Со сета почит кон портирите, извинете за навредата и споредбата со дотичните…

Не знам зошто, но уште кога Заев најави оставка, вечерта на локалните избори, првата помисла ми беше таа, не дека е доблесен или има трунка морал во него. Пишував за тоа дека некој бега од предавството кое би било премногу дури и за еден таков докажан, истрениран и непоколеблив предавник. И тој да ти имал мерка, верувале или не, или поверојатно пакува куфери за да бега некаде…

И што сега? Сега Димитров ќе глуми патриот и ќе повикува на будност ли? Го сменија и Бучковски, се радуваа луѓе. Не, верувајте дека не е за радување. Каков-таков, веројатно ни тој немал толкав степен на безрбетност за да ја проголта бугарската национал-шовинистичка шампита со датум на врвот. Очекувајте на негово место некој Беличанец, Малески, Зиков, Тричко ли. Има избор на такви фацки, за тоа не се грижете, со лопата да ги ринеш.

А екипата на Таче Ковачевски, Бисера од Марс, Славјанка Лажни Вести, Љупче Путер, Оливер Мафијашки, Бојан Неправда и остатокот на бандата останала само и само заради квалитативот наречен послушност и беспоговорно извршување на задачите. Тие не ни читаат, тие потпишуваат. Оком-скоком. Очебијно, никој друг не сакал да се нафати на забеганата задача за самоуништување. Армија северџански камикази. Чичко Кумплунг вода да им носи. Сето ова доаѓа во комбинација со антимакедонски пакет филуван со Артан Нежни и Бујар Османи.

Господ нека ни е на помош, ама не е на одмет и ние нешто да сториме против злодејанијата во најава на антимакедонската и антидржавна банда. Бидете будни! Си прави Нино пи-ар или нешто навистина големо/антимакедонско се случува, будноста е неопходна, четири очи отворени.

Велат, од многуте лоши навики во светот на безрбетните, предавството да ти било една од најлошите и најтешко излечливите…