петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

„Радувањата на Радован“ и оние на Ковачевски

„Радувањата на Радован“ и оние на Ковачевски

-„Аууу, колку убаво се изжуркав, ме изгоре, многу убаво печеее!“, извика Радован. -„Лелеле, колку убаво „кратко“ име северџанско во ООН прифативме, ју-хуууу!“, свика оттаму Ковачевски. -„Колку прекрасно си ја исчукав главата, мммм!“, го надвика Радован. „А јас сум пресреќен што ќе ги внесеме Бугарите во Уставот, јеееес!“, врисна Таче. „Уф, колку убаво се исеков, прекрасно!“, го надврисна Радован. „Јас, пак, ќе ги менувам учебниците и спомениците, лелелее колку фантастичноо!“ врати Ковачевски…

И така, до недоглед. Радован и Таче се радуваа, „јачаа“, надвикуваа и фалеа со болката која ја нанеле. Радован самиот на себе, во игра со другарите, Ковачевски на македонскиот народ и Македонија, во играта со Бугарија.

Првиот, чехословачки лик од цртан филм со претшколска психологија дека децата така растат и учат, а вториот, антимакедонски лик од политичко реалити-шоу со мазохистичка демагогија дека државите така растат и „одат“ напред. Со безрбетност, без достоинство, чест и без историја…

Како и секогаш, најинтересно му беше на Лошото дете Хуго, кое сега се викаше Заев. Си се кикотеше пустиот од грчка плажа, давајќи му насоки и наредби на својот кумановски Радован.

Не, ова веќе не се сомнежи. Потврдено е со тапија, престолонаследникот Таче дефинитивно го продолжи континуитетот на врховниот му Зоче. Сомнежите и за „најневерните Томи“ паднаа веќе вториот ден од неговото владеење, кога наголемо се испофали со „решението“ за краткото име во ООН, име за кое вистинските Македонци најпрвин помислија дека Ковачевски издејствувал Бугарите да не викаат Македонија, зашто друго кратко име и не постои. Арно ама, набргу сите сфатија дека очекувањето Заевиот избраник да биде Македонец е утопија, исто како и она дека ќе излезе од неговите кондури/опинци и лоши антинационални навики.

А, кога сме кај опинците, една работа поворно го доближи Таче до менторот Зоче. Несакајќи, потсвесно се разоткриваат пустите клонови. Харвардскиот курсист на старт на својата изјава во Софија, се заблагодари до небеса за прекрасните државни и воени почести „НА ВЕЛИЧЕНСТВЕНО НИВО“ со кои биле дочекани во Софија?!?!  Алоооо, па нели бре беше школуван? Ама, курс си е курс, нели. И додека Таче паѓаше во несвест од честа која му ја „направија“ Бугарите, небаре без сон останале и цели две години се спремале само за него и неговиот пречек, курсистот не сфати дека тоа е нормална работа, стандарден протокол со кој се дочекуваат високи функционери на држави. За наша жал, и престолонаследникот Ковачевски е во тие високите, иако одамна и не сме баш некоја држава. И така, на дело ја видовме безрбетната и неизживеана копија на Заев. Којзнае колку му било топло на душичката на Црпко кога го видел својот пулен како го копира. Л’цнал од среќа, гарант се расплакал, многу се разнежнил и растреперил колку на него личи првосоздаденото и избраното му чедо…

Полека, но сигурно, не само по антинационалните дејанија туку и по гафовите и сервилноста, сфаќаме зошто Зоче го избра токму Таче. Чекајте, чекајте, „тек“ или штотуку ќе сфаќаме…