вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Разговор без смисол

Разговор без смисол

Од дневникот на еден Македонец…

15.06.2022 Се сретнуваме така со комшијата, тешка комуњара. На минување, пред кооперација се разбира. Тој пие виски, а јас ко и секој „немиен“, ракија, македонска, домашна. Се меркаме, ни здраво не си викаме, пет- шест години веќе. А, за што би разговарале? Јас од Марс, тој од Венера.

Ајванот се цибри, протега, гледа лево, па десно, сака нешто да каже, па полн со себе ми вика,- „Друже, меѓу брусење шахти и бришење „македонско“ од институции, јас најдов време и потпишав дека ќе се фрлиш во Вардар, ако?“

-„Знам, знам, џабе протести, непокор, најгласно НЕ, си решил да ме давиш, ама нема да ти помине, од мене зависи дали ќе се фрлам, буразеру. Ајт сиктер, немаш „мнозинство“ бре северчо, бадијала ти е се’…“ и си се вртам кон ракивчето, само да не му го гледам суратот сеирџиски.

-„Ццццц, се јави Македонецот. Ако, ако, меЏународна ќе ми помогне да те убедам, хехехе!“ полна со себе нафрла и се кљафти комуњарата.

Тргнувам кон него, а тој мисли дека „немиениот“ доаѓа на пресметка, па цвика ко и секогаш и бега со повеќе од пола виски недопиено. А, јас, јас  само сакав слатко да му се изнасмејам в лице, толку напатено од потпушување и коленичење по амбасади…

 

Една година потоа.

15.06.2023 Се сретнуваме со истиот тој уцвикан и „пута“ десет пообелен, пообезабен и мега-пропаднат празен лик (лошотијата те остарува многу,  а кога си против својот народ „пута“ сто, виска и бело башка) во истата кооперација. Место каде во меѓувреме многу дебати паднаа, илјадници криви Дрини исправивме и пак сме онаму каде што сме. Никаде…

„Што навака?“ го прашувам со потсмев напатениот и истрошен лик. „Та година дена те нема, од толку коленичење имаш дупки на фармерчињата, а лактите, пак, тие ти се црвени ко на рак, лазите веќе, на четири сте, а?“

-„Хехехе, ќе потпишете уставни измени, ај ти, ќе ве издавиме бре, кај и да е сами  ќе се фрлите у  Вардар, Чмаричиќ во возот негов ќе ве вика еден по еден, реприза на Среќна Нова 2019-та ќе биде, гарант! Имаме пак дозвола од Хан за употреба на „балкански методи“, хихихи!“ се дере изнасилено северниот хохштаплер, нарачува дупло виски кое го чуваат само за него и залегнува триумфално во гајбите од леб комбинирани со вреќи од компир.

Без трунка емоција, глумејќи го Таче кога се прави паметен, му враќам: -„Батко, со сето непоштовање на трудот и годините твои потрошени на угодување, потпушување ваму-таму, лигавење и „да, шефе“, ама јас  ти дадов и пуштив вчера една понуда со два предлога околу фрлањето во Вардар, ја ѕирна?“

-„Јок, зарем знеш да пишуеш, хахаха, вие немиените уште со отисок од прст се потпишуете на избори, хихихи!“ се „гази“ од смеење изненаден од својот новооткриен дар за хумор и запаѓа во солзи, целиот омрсулавен поради нус-ефектите од „белата“ му навика.

„Хааа, да, ве мачи тоа отисокот, оти со него не можете да местите и Гинисови рекорди да уривате со браќата по избори, гарант го сонуваш навечер како кошмар, те разбирам, јасно е, туку, ајде избери, народот да ти го бапне или меЏународна да те апне, ајде, биди маж. Избери еден од двата предлога, ајде. Еднаш, барем, биди маж. Ко што не си…“ На заебанција му ја фрлам медицинската ракавица, останата ми од короната, на кооперацискиот под.

-„И шо, шо сеа нудиш бе, не да те/ве удавам или да се фрлите сами во Вардар, туку сите да се удавиме ли? Општо-другарско харакири ли? А, шо си смислил сеа, оти ти сам мислиш, јас си имам кој да мисли за мене, нон-стоп, хехехе!“ арогантно се налактува дунстерот.

„Епа, понудата е многу фер за уставниве и фрлањето во Вардар бе, далечен братучеду одроден.

Вака оди – во двата предлога стои јасно: Прво, ти за пример ќе се фрлиш во Вардар, па јас по тебе, нема проблем. Ска пробљем, за да ме разбереш, нели, ко што ти вика газдата Али. Условот е – ти прво да се фрлиш, да видиме како треба, да не ја утнеме, и не дај Боже, преживееме. Вака, чиста работа, експертот т.е. ти покажуваш, ние следиме. Тоа е суштината на одложени уставни измени, кои вака не ќе можеш да ги испорачаш. Така губиш/немаш употребна вредност за која си поставен и чао си, друже. Башка, тешко дека некогаш и ќе влеземе во таа пуста ЕУ, така што – чиста работа.

Вториот предлог е: Не мора ти прв, бугарскиот пајташ и ортак во потпишаната француска удурма прво да се фрли во Вардар, па јас со моите Македонци, топ-тан. Покажете ни како правилно тоа се прави, ајде, бујрум. Нека признае дека кај нив има Македонци и нека им даде права во Бугарија, па ние без проблем ќе го овериме него кај нас. Нема шанси, „мало сутра“, а? Фрлање во Вардар за фрлање,  бе брат. Реципроцитет се вика. Прво ти или тој, па јас/ние, а?“

Штама. Калма. Ликот му е како да го изгубил наместениот тендер.

И додека си во очекување на класична комуњарска реакција проткаена со неодминливиот потсмев, агресивност, ароганција и релативизација зачинета со паламудење до „сутра“, северџганистанчето го вади своето најотровно, најомилено и најкористено оружје.

Кое? Па те вади од контекст, лаже- суши, ги впрегнува медиумите, вклучува тоа „фабриката“ на најјако и на цел глас вика:

„ТОЈ СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ ФРЛИ ВО ВАРДАР, САМИОТ СЕ СОГЛАСИ, ЧУВТЕ ЛИ ЧУВТЕ, ТОЈ СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ УДАВИ, ТА-НА-НА-НА-НАААА!!!“

Тебе не ти се верува колку ниско паѓа, ама тој може и пониско, па триумфалистички продолжува:

„ГОТОВО Е ГОТОВООООО, ТОЈ СЕ СОГЛАСИ СИТЕ ДА СЕ ФРЛАТ ВО ВАРДАР, ВИДОВТЕ И ЧУВТЕ, СЛУШАЈ И ПОСЛУШАЈ НАРОДЕ, ДРУГАРИ И МЕЏУНАРОДНА, НИЕ ЌЕ СИ ВЛАДЕЕЕМЕ, ТОЈ СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ УДАВИ, ЈУ-ХУУУУ!!!“

И додека ајванот скока, вика и се дере ко шапшал, ти слегнуваш со рамениците и од хигиенски причини го напушташ кооперациското „бојно поле“, извитоперено од лаги и запоседнато со хиени и стрвинари. Нема поента, никаква. Ова е класичен „разговор без смисол“, вистински урнек за оваа фраза. Ристо Вртев вода да им носи. Бадијала се трудиш, на мандарински да му зборуваш подобро ќе те разбере. На македонски не бива…

Битката продолжува со полна пара, но со други средства и без овој разговор без смисол.

Дефинитивно, лошото време го прават лошите луѓе…