среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Циркусот со „саможртвата“ на Таче и Артан на олтарот на ЕУ

Циркусот со „саможртвата“ на Таче и Артан на олтарот на ЕУ

Циркусот „Медрано“ е повторно во Македонија, овојпат со главни ѕвезди кловнот Таче и жонглерот Артан, трагикомичари кои на крај на мандатот во кој така орно и со голем елан ја ништеа Македонија и Македонците – замислете, сега преполни со емпатија се откажуваат од уште некој месец владение?!?! Нешто опасно смрди во државата македонска…

Ок, не не’ чуди што циркусот се поднови со нови главни палјачовци, најстариот кловн Муртинхаузен се измори  и одмара на Халкидики, а егзибиционистот Алија веќе одамна е престар за да скока низ оган. Замените и престолонаследници им се срцки, и мора да признаете, подобри од оригиналот…

Во тој нов северен Медрано, исто како и во денешна Македонија се’ е обратно. Таму, се смејат само циркузантите, а публиката се нервира и најчесто во редици ги напушта трибините. Во Германија, Шведска, Италија, Франција, Швајцарија ли. Да, ова е циркус од кој аудиториумот масовно бега. И сето тоа благодарение на недоветните „шеги“ на палјачовците од власта.

Најновата ступидна шега на Таче и Артан е дека тие станале доблесни и благородни. Во оваа, нова епизода од серијалот „Како да ја уништиш Македонија?“, властодршците глумат дека имаат срам, гордост и достоинство и се ничкосуваат и даваат се’ заради добробитта на државата и народот кои свесно и сласно ги уништуваат последните 6 години, а на истото работат повеќе од три децении.

Циркускиот драма-трилер кој се одвива пред очите на македонските граѓани е следниот:

…Со силен лелек, кловнот Таче и жонглерот Артан се фрлаат пред публиката, ги вадат од длабоките џебови преостанатите 5-6 месеци власт и со размрсулавени фацки и тешки солзи ги фрлаат на торжествениот и неприкосновен олтар на ЕУ.  Погледнуваат лево, па десно, и со силен крик од длабочината на северните гради извикуваат: „Еве ја нашата саможртва, ќе направиме и правиме се’ за да одиме во ЕУ, ќе ги дадеме и нашите полтронски животи само и само за граѓаните да имаат подобар живот! Аман, донесете уставни измени! Еве како ние мислиме на иднината на вашите деца, не како онаа антиевропска, русофилска, клингонска и каква ли не опозиција! Да живее Северна! Уставни или смрт!“

И целиот овој патетичен перформанс на циркуската сцена е пропратен со силен плач и поддршка од стотиците медиумски бапчорки, кои без здив го следат секој гест на своите дарежливи спонзори од власта. Следува сверен ураган предизвикан од медиумскиот хор на тарабантите на СДСССС и ДУИ, величање на саможртвата на олтарот на ЕУ, хвалоспеви за храброста на безрбетните властодршци, новинарски епопеи за тешката битка на Тачевци со ретроградната опозиција заглавена во 16-от век, сето тоа фризирано со написи за неверојатно лошото ВМРО кое јаде живи деца за доручек и за немањето визија за виткање кичма како единствен пат кон прогрес.

И кога завршуваат, задкулисно се погледнуват во темницата како стрвинари и ликувајќи со кикотење се гушкаат и буцкаат по полните мешиња, самобендисано коментирајќи како пак, по којзнае кој пат ја „заебале“ опозицијата и Македонија, па како сите ќе паднеле на нивната финта и глума, та како заслужувале Оскар, па дека газдите добро ќе ги награделе за перформансот. Итн, итд и др. Северни патрдии…

Ај што никој нормален веќе одамна не им верува на северните хохштаплери по чие минување во близина сите веднаш проверуват дали новчаниците им се на место, туку, пак се гледа дека некој им го напишал сижето. Толку ступидно и менталитетски неподобно за Македонија и Балканот. Нова ролја за Златна малинка…

И сега, на крај на мандатот соочени со погром на избори кој дефинитино ги чека некој ќе треба да поверува во доблеста на Таче и Артан: „Доблест“ која доколку ја прифатат во тоа пакување ќе ја „реши“ и уништи опозицијата и ВМРО за навек, чин на прифаќање кој ќе значи самоубиство и класично харакири и за опозицијата, за Македонија и за Македонците во пакет???

На ова најдобро одговараат зборовите на муртинскиот полиглот.

„Мало сутра“…

 

П.С. И дефинитивно, по справувањето со севернава хунта, во Македонија ќе треба да се донесе закон против политички вицови.

Премногу од нив ни ја водат државата…