недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

3 причини зошто треба секој ден да јадете барем по една банана

3 причини зошто треба секој ден да јадете барем по една банана

Бананите имаат многубројни предности, па поради тоа треба да ги јадете секој ден. Не содржат маснотии и холестерол, а богати се со калциум, манган, витамини Б6 и Ц, како и растителни влакна.

Може да ги купите во текот на целата година, а имаат многу здравствени предности.

Ја подобруваат концентрацијата

Поради минералите кои ги содржат имаат позитивно влијание на мозочните ќелии. Новите истражувања покажуваат дека бананите ја подобруваат концентрацијата.

Го поттикнуваат слабеењето

Една банана со просечна големина има околу 110 калории, а благодарение на тоа што е богата со влакна, дава чуство на ситост и ја подобрува работата на дигестивниот систем. Бананата придонесува за успешно отстранување на водата во организмот, а со тоа и намалување на целулитот.

Даваат енергија

Бананите содржат три вида шеќери – сахароза, глукоза и фруктоза кои заедно со влакната му даваат одличен ефект на енергијана телото. Студиите покажале дека само две банани дневно може да бидат доволни за 90 минутна интензивна работа.