Повеќето луѓе мислат дека нема никаква грешка ако денот го започнат со овошје, но тоа би било грешка.
Бананите се одлични, богати со калциум, влакна и магнезиум, но и многу практични за појадок, потребно е само да ја излупите и изедете. Ова е се вистина, но можеби има подобар избор од бананата за појадок.
Имено, четвртина од ова овошје е шеќер, а покрај ова бананата предизвикува киселост во телото.
Исто така дава енергија, што наутро е сосема добро, но тој полет не трае долго.
Сепак, постои начин од бананата да се извлече само она што е најдобро.
Секогаш комбинирајте ја со други намирници, но не со било кои. Ако бананата ја изеде со здрави маснотии и одредени зачини, ќе ја неутрализирате киселоста и ќе го спречите порастот на инсулинот.
Обидете се со кокосово масло, ленено или чиа семе, куркума и цимет.