Познато е дека појадокот е најважниот оброк, со него го започнуваме денот и поради тоа важно е да не го прескокнувате.
Покрај тоа, исто така важно е што ќе изедеме кога станува збор за појадокот.
Иако на многумина бананата им е омилен избор поради тоа што е слатка и хранлива и одлично оди како додаток со житарици и овесна каша, нутриционистите мислат дека ова жолто тропско овошје не е најдобар избор кога станува збор за појадокот.
Тие истакнуваат дека бананите особено не се добри доколку се јадат самостојно поради тоа што содржат дури 25 отсто шеќер и спаѓаат во умерено кисели намирници.
Нутриционистите советуваат дека денот треба да го започнете со појадок кој согорува маснотии, но и појадок кој ќе ви даде доволно енергија и која ќе ве засити до следниот оброк.
Бананата дава енергија, но на кратки патеки поради тоа што повторно ќе почнете да се чувствувате уморно и гладно за кратко време.
Тие се подобар избор за ужина отколку за оброк поради тоа што самите по себе не се доволни за да го започнете денот полни со енергија.
Бананите припаѓаат во група на кисели намирници, објаснуваат нутриционистите, а таа киселост треба да се неутрализира за од бананата да се извлече најдоброто – калиум, растителни влакна и магнезиум, а не шеќерот кој предизвикува само краток налент на енергија.
Нивниот совет е бананата да ја комбинирате со храна полна со здрави маснотии како на пример авокадо или зачини.