Постојат многу производи кои можат да го подобрат здравјето, но постојат и здрави намирници кои можат да предизвикаат одредени здравствени проблеми.
1. Компир – Иако секогаш не се вбројувал во здрава храна, компирот е всушност многу здрав. Тој содржи над 20 отсто дневна вредност на витамините Ц, Б6 и калиум. Меѓутоа, некои луѓе се чувствителни на зеленчук во кој се вбројува и компирот и кој содржи алкалоиди кои можат да влијаат на мускулите и нервните функции.
2. Брокула – Таа е многу здрава и може да штити од рак. За повеќето луѓе, брокулата е одличен извор на витамините Ц и К, но лицата со тероидни проблеми треба да бидат внимателни кога го јадат овој зеленчук, бидејќи може да предизвика зголемување на штитната жлезда.
3. Банани – Тие се голем извор на калиум и витамин Б6, но некои луѓе се алергични на нив. Симптоми на алергиската реакција се губење здив, пецкање во устата и оток на грлото.
4. Спанаќ – Тој е богат со витамините К, А, железо и протеини. За жал спанаќот содржи и оксалати, кои се штетни за луѓето кои имаат болни бубрези.