Кога купувате на пазар продавачите се колнат дека ви нудат здрава и природна храна и дека супермаркетите овошјето и зеленчукот го третираат со хемикалии.
Но, тоа не е целосно така бидејќи речиси сите користат пестициди за да бидат во чекор со големата побарувачка на купувачите.
Според американското истражување за зачувување на животната средина и здравјето „Environmental Working Group“ целерот во себе може да содржи дури 60 проценти пестициди.
Некои овошја од продавниците содржеле дури 94 проценти пестициди, открива истражувањето. За жал и во Европа прксата е слична.
Овошја и зеленчуци во кои биле пронајдени најголеми количества пестициди:
1. Домати
2. Пиперки
3. Праски, нектарини
4. Разни видови на зелена салата
5. Спанаќ, блитва, зелка
6. Јагоди
7. Краставици
8. Грозје
9. Грав
Денес навистина е тешко да се најдат свежи продукти кои не се хемиски третирани.
Затоа се препорачува дека е најдобро да се јаде овошје и зеленчук кој е биолошки и органски одгледани или од проверени домашни производители.