Малку бадеми, смокви, какао во прав, рум и уште неколку состојки ќе бидат доволни за овие одлични топчиња
Кога сакате брз и вкусен десерт , овие топчиња се вистинскиот избор за вас:
СОСТОЈКИ:
шолја и пол бадеми
чаша суви смокви
половина чаша какао во прав
сок од четвртина лимон
две лажици мед
лажичка екстракт од ванила
три или четири лажици рум
на врвот на ножот сол
ПОДГОТОВКА:
Ставете ги бадемите во блендер и добро изблендирајте. Потоа додадете смокви, третина од шолја какао во прав, сок од лимон, мед, ванила, рум и малку сол, па измешајте додека не се добие еднолична смеса. Направете топчиња, валкајте ги во преостанатото какао, па ставете ги во фрижидер да одморат еден час.