недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусни и здрави колачиња: Пробајте ги овие бомбици со ВИШНИ (РЕЦЕПТ)

Вкусни и здрави колачиња: Пробајте ги овие бомбици со ВИШНИ (РЕЦЕПТ)

Ова се колачиња кои можете да ги јадете и доцна навечер…

Доколку сакате да уживате во вишни, но и во слатки, тогаш имаме рецепт кој одлично се вклопува. Најдобро е што за неговата подготовка не се користи ниту брашно, ниту шеќер.

Состојки:

100 грама овесни снегулки

50 грама свежи урми (отстранете ја семката)

100 грама вишни, можете и замрзнати па малку да ги стопите во микробранова печка

4 коцки темно чоколадо

малку кокосово масло

Подготовка:

Најпрво накратко сомелете ги овесните снегулки неколку секунди, а потоа додадете ги вишните и урмите во блендерот и измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер 30 минути да се стегне, а потоа обликувајте бомбици.

Прелијте ги или превртете ги во стопените 4 коцки чоколадо со малку кокосово масло. Ставете во фрижидер да се излади и уживајте.