четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Божиќен колач: Рапсодија на вкусови од суво овошје (РЕЦЕПТ)

Божиќен колач: Рапсодија на вкусови од суво овошје (РЕЦЕПТ)

Направете вкусен божиќен колач.

СОСТОЈКИ:

500 гр. брашно
300 гр. суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви…)
100 гр. бадеми и ореви
100 гр. кандирана овошна кора
200 гр. маргарин
200 мл. млеко
150 гр. шеќер во прав
50 гр. мед
50 мл. бренди
1 лажица зачини ( кардамом, каранфилче и ванила)
1 кесе квасец
малку сол

ПОДГОТОВКА:

Се сече ситно сувото овошје и се прелива со брендито, па се остава така да впие неколку часа.

Се загрева млекото и се ставаат 2-3 лажици брашно, мед и квасец и се остава да се активира.

Се сее другото брашно и се додаваат сол и зачини. Се прави дупка на средина и се става млекото, па се додава исечениот маргарин и се меси да се добие меко тесто.

Се додаваат исечените плодови суво овошје исцедени, па се остава тестото да нарасне.

Кога ќе нарасне двојно се премесува и се прави колач кој се става на хартија за печење.

Се остава уште еден час да нарасне.

Се пече на загреана рерна на 180 степени додека не порумени, а кога е готов додека е топол се премачкува со растопен маргарин и шеќер во прав.