Доколку сте расположени за нешто слатко, ви го препорачуваме овој сочен колач со праски
Состојки:
1 кг праски
две јајца
чаша (2 дл) шеќер
чаша јогурт или павлака
две чаши брашно
половина кесичка прашок за пециво
масло за подмачкување
шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Се матат шеќерот и јајцата, па се додава јогуртот или павлаката. Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па соединете ги со влажните состојки.
Добро измешајте, посолете малку и истурете ја смесата во подмачкана тава. Печете околу седум минути на 200 степени, па извадете го колачот и одозгора наредете праските исечени на кришки.
Вратете го колачот во рерна и печете уште половина час. Изладете, исечете на триаголници и посипете го со шеќер во прав.