недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Брза вечера од тава, готова за 10 минути: Многу е евтина и заситна, а состојките веќе ги имате дома

Брза вечера од тава, готова за 10 минути: Многу е евтина и заситна, а состојките веќе ги имате дома

Брза вечера е се што ни треба кога сме уморни и немаме некоја посебна идеја. Затоа ви носиме интересен рецепт за брза вечера, која ќе ви одземе помалку од 10 минути. Покрај тоа, многу е вкусен и заситен.

Состојки:

– 2 големи компири;
– масло;
– 1 кромид;
– 1 пиперка;
– сол;
– 3 домати со средна големина;
– 4 јајца;
– копар.

Подготовка:

Измијте го зеленчукот и исечете го на коцки. Најпрво на масло пропржете ги компирите, па префрлете ги во чинија и во истото масло пропржете ги кромидот и пиперките. По некое време, додадете домати. Посолете и измешајте.

Кога ќе се сварат доматите, вратете ги компирите во тавата, промешајте и направете 4 вдлабнатини во кои ќе ги скршите јајцата. Покријте ја тавата и динстајте 3-5 минути додека не се испржат јајцата. Посипете со копар и послужете, вели A Matter of Taste.

На здравје!