Чоко моко тортата со готови кори е сон на секоја домаќинка од една причина: максимално вкусна и минимален труд
Доколку барате рецепт за да направите брз десерт, оваа торта е вистинското решение:
СОСТОЈКИ:
1 пакување купени темни кори
400 гр кисела павлака
200 гр шеќер во прав
300 гр плазма
500 гр шлаг
6 дл кисела вода
7,5 дл чоколадно млеко
Подготовка:
Се матат павлаката и шеќерот, па се додава мелената плазма и убаво се меша.
Изматете го шлагот со кисела вода.
Се зема една кора, се прелива со 2,5 дл чоколадно млеко, одозгора се става филот со плазма, па се става шлагот одозгора, потоа се става следната кора, се прелива повторно со 2,5 дл чоколадно млеко, па се премачкува филот со плазма, потоа повторно ставете го шлагот одозгора.
Постапката повторете ја со преостанатите кори.
Декорирајте по желба.