вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Чоколаден пандишпан: Не содржи лактоза, глутен или рафиниран шеќер

Чоколаден пандишпан: Не содржи лактоза, глутен или рафиниран шеќер

Затоа за вас го подготвивме овој едноставен и вкусен рецепт кој можете да го направите доколку сте нетолерантни на глутен и лактоза, но и ако не сте!

Бидејќи вкусот на оваа торта, во комбинација со овошјето, е феноменален!

Состојки:

100 гр бадемово брашно

100 гр овесна каша

прстофат сол

лажичка сода бикарбона

лажица кокос шеќер

200гр темно органско чоколадо за готвење

120 мл маслиново масло

две јајца

60 мл мед

една зрела банана

10гр путер од кикирики за да се подмачка тавата

За декорација (по избор): малини, јагоди, листови од нане, стопено чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го плехот за печење со путер од кикирики. Во еден сад измешајте два вида брашно, сода бикарбона и кокосовиот шеќер. Растопете го чоколадото. Во друг сад измешајте ги маслиновото масло, јајцата, медот и бананата, па додајте ја стопената чоколада. Додадете два вида брашно и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Се пече во рерна 25 минути на 180 степени. Проверете со стапче дали е доволно испечено. Оставете малку да се излади пред да го извадите од тавата. Изладената торта можете да ја декорирате со црвено овошје или со малку растопено чоколадо.