петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Највкусна торта на светот: Чоколадна фантазија со рум

Највкусна торта на светот: Чоколадна фантазија со рум

Оваа убава чоколадна торта многумина ја сметаат за највкусната торта на светот.

Ако не сте ја пробале, овој рецепт може да биде добар повод за тоа.

СОСТОЈКИ

За кора:

8 јајца
200 грама шеќер
40 грама чоколадо
160 грама бадеми
80 грама брашно

За фил:

4 јајца
150 грама шеќер
150 грама чоколадо
250 грама маргарин
3 лажици рум

За глазура:

100 грама чоколадо
80 грама маргарин
1 лажица зејтин

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете го стопеното чоколадо, мелените бадем, брашното и на крај изматените како снег белки. Кората печете ја околу 20 минути на 180 °C во тавче претходно обложено со хартија за печење. Кога кората ќе се олади поделете ја на три дела.

За филот изматете ги јајцата со шеќер, ставете ги на пареа, додадете го чоколадото и кога филот ќе го соедините тргнете го од оган за целосно да се олади.

Во филот потоа додадете рум и изматен маргарин, а потоа поделете го на два дела и ставете го меѓу корите.

Глазурата прелијте ја преку тортата.