Идеален рецепт за чоколадна торта за сите нејзини љубители. Најважно од се нма да бидете цел ден во кујна.
Ова се состојките:
две шолји шеќер
две шолји брашно
115 гр. путер
шолја вода
30 гр. како
120 гр. павлака
2 јајца
2 лажички екстракт од ванила
лажичка прашок за пециво
лажичка цимет
ЗА ФИЛ
220 гр. крем сирење
40 гр. путер
60 гр. чоколадо
150 гр шеќер во прав
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Загрејте на рерната на 190 степени. Тавата обложете го со хартија за печење.
Во поголем сад помешјате ги шеќерот и брашното и тргнете ги настрана. Помешајте ги путерот, водата и какаото во тавче и ставете ги на средна јачина на шпорет. Почекајте да проврие, мешајте постојано за да се стопи путерот.
Тргнете од оган и мешавината додадете ја во брашното и шеќерот, па помешајте да состојките да се соединат. Оставете на мирува 15 минути, потоа додадете павлака, јајца, екстракт од ванила, прашок за пециво и цимет. Се убаво измешајте и ставете во тавата за печење. Печете околу 25-30 минути.
За филот изматете крем сирење со путер додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете растопено чоколадо, постепеноп ставајте шеќер во прав и матете. Додадете екстракт од ванила, па филот намачкајте го врз кората и по желба украсете.