Доколку сте љубител на комбинацијата чоколадо и кокос, нема сомнеж дека ќе уживате во овој сладок и вкусен десерт.
Потребни ви се само неколку минути за да ја измешате смесата (без миксер), а кога ќе биде готова, треба само да го стопите чоколадото за глазурата, да ја прелиете и да почекате да се испече колачот.
Самото чекање веројатно е најтешкиот дел од подготовката …
Потребни состојки
1 чаша јогурт
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 шолја кокосово брашно
1 ванилин шеќер
2 шолји шеќер
2 шолји брашно
½ прашок за печиво
2 лажици какао
Глазура
100 грама чоколадо
3 лажици масло
Подготовка
Измешајте ги сите состојки (освен какаото), а потоа додајте какао во прав во половина од смесата. Темната смеса истурете ја во набрашнета тава и премачкана со масло, па прелијте ја со остатокот од смесата.
Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час (проверувајте со чепкалка).
Направете глазура од чоколадо и масло, па прелијте ја врз испечениот колач.