Потрагата по рецептот за совршените матени јајца е многу интересна, а не само што мора да биде здрав појадок туку и лесна и обилна вечера. Со свежи јајца можете да комбинирате разни намирници, а она за што често разговараат готвачите е дали да додадете малку млеко или вода во јајцата за да постигнете подобар вкус.
Професионалната готвачка Џесика Гевин наведува дека во јајцата се додава течност за да се избегне претерување, а секоја додадена течност спречува протеините да се врзат премногу или пребрзо во случај да ги преварите јајцата.
Некои го фалат додавањето вода наместо млеко во јајцата, особено ако сакате да имате мека текстура. И според готвачот Сем Дејвис-Алонс и научникот за храна Натали Алибранди, кога додавате вода во јајцата, водата испарува како пареа и ги крева јајцата, додека додавањето премногу вода ќе го разреди вкусот.
-Ако додадете вода, најдобриот сооднос е половина лажичка вода по изматено јајце. Млекото го користиме за да добиеме покремаста структура. Додадете не повеќе од две лажици млеко по јајце, изјави Алибранди за Mashed.
Ако готвите јајца на путер, внимавајте да не додадете премногу маснотии за да не ви станат тврди јајцата.